Милошоски: Заев го пушта Пендаровски низ вода

Зошто ги нема Заев и Шекеринска во кампањата на Пендаровски? Кој од кого се крие и плаши? Што не кажат овој човек нешто направи за Македонија.Дали раководството на СДСМ бега од Пендаровски затоа што знаат дека ќе ги изгуби изборите, па да можат да кажат дека не изгубиле тие туку тој. Однапред ја предадоа битката, го пуштија низ вода за после да можат да се избават, рече Антонио Милошоски кој се обрати на митингот за промоција на Иванов во Битола.

antonio-milosevski

Тој истакна дека во 2009-та ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг во Битола и кажа дека Иванов е омилен професор меѓу студентите на правниот факултет, а денес пред граѓаните велат дека Иванов е омилениот претседател меѓу граѓаните.

-Тој покажа дека може да ја задржи човечноста и моралот во политиката.Никогаш не заборавил кој му го дал мандатот, никогаш не се затворил во своите канцеларии. Помогнал на многу повеќе луѓе од било кој претходник.Иванов бил во многу светски метрополи, но не заборавил да појде во ниту едно место во Македонија, секаде ги поздравил граѓаните и се нудел за помош. Тоа е најголемиот капитал за мандат.Кога имавме големи пожар и временски неприлики во битолскиот регион, тој нареди да се реагира одма и утредента ги посети граѓаните, да види дали се живи и здравиТој го почитува народот и народот го почитува својот претседател, посочи тој.

Милошоски говореше и за кандидатот за претседател на СДСМ.

-Од другата страна имаме канцелариски кандидат за претседател. Човек кој многу сака да кажува, но нема дела. Имаме кандидат чиј ментор е Бранко Црвенковски и на кого му е политички должник. Ниту сте го поздравиле во Могила, ниту тој ќе ве поздрави во Новаци.Стево Пендаровски во својата советничка кариера има помогнато само на неколкумина- првиот не е битолчанец, туку тоа е Црвенковски, кога го верификуваше фалсификатот на претседателските избори за да му помогне на менторот.Следни на кои им помогна се Ахмети и Радмила Шекеринска, кога Стево како претседател на ДИК им помогна да вршат притисок врз јавноста дека “некои прашања не заслужуваат одговор“. Прашањето за Кичево и Струга за нив не заслужуваше одговор. Прашањето дали Сарај ќе се приклучи кон Скопје, за нив не заслужуваше одговор.Можеби Стево сака да ги заборави делата, но народот памти. Слушнавме како од Неготино и Кавадарци почна да го омаловажува Иванов. Ако Пендаровски смета дека треба, нека го навредува. Но ние сме горди што за кандидат имаме човек кој никого не навредил, не омаловажил, не влегол во кавга, истакна Милошоски.

Пендаровски кажа дека досега во 24-годишната независност тој не видел и не слушнал премиер на држава да ја води заедно кампањата со претседателот. Тоа не е вистина, велат од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа Пендаровски го знае, но ја лаже јавноста.

Никола Груевски застана до Иванов заедно да водат кампања, рече Милошоски, а Зоран Заев го пушти Пендаровски во вода.

-Тој сака да подметне дека ваквата кампања не е во согласност со стандрадите на ОБСЕ. Ова е манипулација на Пендаровски. Тој знае дека не е ниту прва ниту последна ваква кампања. Црвенковски држеше кампања со Киро Глигоров. Тој знае дека заедно држеле кампања, но лаже дека Груевски и Иванов прв пат држеле заедно кампања. Ги манипулира граѓаните. И Љубчо држеше кампања со Борис Трајковски.  Пендаровски го знае тоа, ама ги лаже граѓаните гледајќи ги во лице. Не е фер да манипулира со оние од кои очекува да гласаат за него. Не е прашањето зошто Никола Груевски заедно води кампања со Иванов, прашањето е зошто ги нема Заев и Шекеринска во кампањата на Пендаровски. Кој од кого се крие и плаши? Што не кажат овој човек нешто направи за Македонија. Дали раководството на СДСМ бега од Пендаровски затоа што знаат дека ќе ги изгуби изборите, па да можат да кажат дека не изгубиле тие туку тој. Однапред ја предадоа битката, го пуштија низ вода за после да можат да се избават. Или Пендаровски сака да се дистанцира од раководството на СДСМ, но нека го каже тоа. Можеби некој ќе ги праша кој ќе биде кандидат за премиер, а нема да знаат да кажат, но неможат постојано да го кријат тоа. Ние знаеме, кандидат за претседател е Иванов, а за премиер Груевски, порача Милошоски од Битола.

Тој говореше и за денешните натписи во одредени медиуми блиски до опозицијата, кои на Иванов му се потсмеваа за еден лапсуз. Милошоски потсети на крупни грешки кои довеле до проблеми, направени од лицата чии медиуми денес пишуваа за еден лапсуз.

-Денес некои медиуми блиски до СДСМ цел ден му се нафрлија на Иванов за еден лапсус за Ширак и Америка. Сум водел многу кампањи и можам да ви опишам како поминува еден ден-  во 8 часот посета на 10 села, 2 фабрики, пензионерски домови, потоа 4 митинзи, 1000 поздравувања, а после полноќ треба да се појавите на телевизија. Човечки е да се греши. Нема политичар кој не направил лапсуз.Едно ќе ги прашам-дали е поголема грешка вербален лапсуз или стратешки пропуст и да ја продадеш цела држава со територијална организација? Дали лапсуз направен од замор е поголема грешка од тоа што Пендаровски верификуваше избори со 10 проценти наполнети кутии? Дали е поголема грешка да кажеш дека 2 месеци ќе имаме привремено име, а цел свет со години да ни се обраќа со референца? Дај Боже за вашите кандидати да наоѓаме само лапсузи. Но вие правевте стратешки грешки. Иванов е патриот, човечен, ја оправдува довербата, рече Милошоски.

Тој испрати неколку пораки за недобронамерните критики упатени од нивните политички конкуренти:

-Тие го критикуваат Иванов зошто во својот мандат не се спротивставил на законите на Владата поминати во Собрание- преку оваа критика ќе ја видите целата смисла и логика на СДСМ. Тие не промовираат кандидат за да соработува, туку  некој кој се надеваат да стане претседател за да создава конфликти, кавги, да води борба за политичка моќ, а во таа борба да страда интересот на граѓаните. Според логиката, Пендаровски доколку беше претседател требаше да не го потпише законот за субвенции за земјоделците. Иванов ги потпиша законите за зголемување на платите, на негово барање донесе иницијатива сите професионални војници кои ќе навршат 45 години да бидат вработени. Тоа е претседател кој не прави битки за лична политичка кариера. Соработката не е хендикеп, туку предност за целата држава. Значи дека имаме став, одговорни институции СДСМ секоја година го менуваат својот став за проблемот со името.  Една година викаат дека  даваат бланко поддршка, следна дека се против референдум,  една година подоцна велат дека прифаќаат географска одредница. Гледаме во малата брошура на Пендаровски напишал една реченица- дека ќе се залага да се создаде атмосфера за изнаоѓање консензус за спорот со името. Ние го бараме неговиот став. Народот треба да знае за кого гласа и кој му е ставот. Ние имаме консензус, постигнат меѓу Груевски и Иванов- дека нема да се дозволи менување на уставот со цел некој да го промени името на Македонија, рече тој пред битолчани.

„Македонија е во сигурни раце. Груевски и Иванов покажаа дека знаат да соработуваат и во добри и во лоши времиња“, заклучи Милошоски.

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Ќерката на Џаро ги опиша последните денови од неговиот живот

Опкружен со најблиските, во својот дом, и покрај силната борба, некогаш еден од најпознатите менаџери во нашата земја, но и на целиот Балкан, почина Велибор Џаровски – Џаро.

Како што сподели со „Женски магазин“, неговата ќерка Милица Џаровска, по мозочниот удар кој Џаро го преживеал нд 24 март, по што поминал две недели во болница, кај него до последно опстоила желбата за следење на настани и случувања во земајва и соседството. 

– Почина дома, со најмилите. До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше по мозочниот удар на 24 март и две недели поминати во болница. Им благодариме на сите за пораките, да сте живи и здрави. Цела поранешна Југославија ќе има по што да го памети. Еден беше Џаро, за нас најуникатниот татко, сопруг, а најмногу дедо – кажа неговата ќерка Милица Џаровска за „Женски магазин“.

Јавноста ќе го памети како организатор на над 5.000 концерти, промотор на безброј пејачи и фудбалери на кои им помогна да го достигнат врвот во кариерата, бестрашен прекршувач на законот со 135 лажирани натпревари. Секогаш во центарот на вниманието поради различни згоди и скандали. 

Велибор Џаровски- Џаро, кој почина утрово, остана крал на југословенската естрадна и спортска сцена дури и по нејзиното распаѓање. Беше менаџер во времето кога менаџерството беше непризната професија.

Лани Милица Џаровска ја изаде книгата „Живот на коцка“ посветена на животот на нејзиниот татко. 

За него напиша: Животот на Велибор Џаровски-Џаро беше патување, песна, игра и љубов. Но, играта што ја играше не беше секогаш лесна. Бурниот и немирен темперамент, остриот ум и специфичниот карактер постојано го соочува со најразлични перипетии.

Како да ги обоите велигденските јајца со природни бои

Во пресрет на големиот празник ви претставуваме неколку совети за обојување на јајцата со природни бои. Еве како можете да добиете цела палета на шаренила:

Жолта: Со куркума ќе добиете сончево жолта боја. Со цветови од камилица, бојата ќе биде многу понежна.

Портокалова: Класика во природното фарбање: Лушпи од кромид. Овие се варат заедно со јајцата, а пото се оставаат уште 30-тина минути да се упие бојата. За портокалова боја можете да користите и моркови.

Розе и црвена боја: цвекло или лушпи од црвен кромид даваат навистина убави пигменти. Сакате посветли нијанси: едноставно скратете го времето на јајцата во бојата.

Сина или лила: користете боровинки, аронија, црвена зелка или холундер за да добиете различни нијанси на сини и лила тонови. 

Зелена: коприва или магдонос, како и спанаќ ќе им ја дадат вистинската зелена боја на вашите велигденски јајца.

Кафена: Црн чај или кафе ќе ви помогнат во добивањето на оваа нијанса.

Мал совет: кој сака да ја заврши работата побрзо, едноставно може да користи природни сокови (цвекло, холундер и сл.) или пак прав од куркума.

Популарно