На мајката на Тоше Проески и се претскажала неговата смрт

Манастрирот Свето Преобржение над Крушево  е утеха за семејството на Тоше. Најблиските секојдневно доаѓаат да го посетат, да помогнат во работите за негоото возобновување. Како што пишува Дневник, заедно со сограѓаните ќе ја исполнат желбата на Тоше. Наскоро манастирот со сета своја раскош ќе му пркоси на крушевското небо.

Поврзаноста на ова семејство со манастирот крушевчани ја раскажуваат како урбана легенда., а дел од неа за весникот открива Дора Ристеска, сестрата на Тоше.

tose ikona

- Kога мајка ми Домника имала 17 години, на празникот Преображение на сон и се појавил човек во помлади години, покриен со бела наметка. Не можела да му го види лицето, туку само нозете, кои виселе во воздухот. Во еден миг слушнала хор, кој пее „Алелуја“. Песната ја прекинал глас, кој и се обратил: „Ти ќе ја видиш светлината, ќе доживееш голема радост, а потоа ќе го почувствуваш и вкусот на големата горчина. Затоа мора да ја изедеш оваа каша со листови од орев.“ Мајка ми се згрозила од кашата само што ја видела. Почнала да јаде и во сонот доживеала преголема горчина од нејзиниот вкус – вели Дора за Дневник

tose 2

По неколку години, кога Домника се омажила за Никола, ја посетиле црквата „Света Богородица“. Kога ја видела иконата на Свето Преображение, здивот и застанал.

- Му рекла на татко ми: „Ова е човекот покриен со бела прекривка, што го видов на сон кога бев девојка“. Kога Тоше не напушти, мајка ми се сети на сонот и во солзи ни рече: „Ете го претскажувањето. Доживеав голема радост, Тоше ни донесе светлина во домот, а отсега веќе животот ќе ми биде горчина. Ја чувствувам истата горчина како кога ја изедов кашата со листови од орев во сонот“ – открива сестрата на музичката легенда за Дневник

Повеќе детали прочитајте во екелстронското издание на Дневник

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Имер Селмани: „Тежам околу 50 милиони евра"

Што се случува со неговата прва пасија, медицината, бидејќи завршил Медицински факултет, како и зошто го почнал бизнисот, со што се занимава неговата компанија, колку тежи неговото богатство, на што најмногу сака да троши пари...

„Горд сум на себе, бидејќи вработуваме луѓе, плаќаме даноци, имаме редовни приходи, инвестираме... денеска сме дисперзирани како компанија која што има повеќе дејности. Сега градиме, при крај сме, на еден супер луксузен модерен комплекс во едно место кое што беше заборавено од Скопје, од скопјани, од државата буквално. Тоа е помеѓу касарната Илинден и булевар Словенија, тоа е практично Карпош. Таму градиме станбен комплекс од речиси 350 станбени единици и деловен простор...“, ова меѓу другото го истакнува Имер Селмани, во првиот подкаст „Бизнис муабети“, кој од денеска ексклузивно ќе се емитува на порталот Фактор.  

Почитувани читатели, како што и Ви најавивме, денеска реномираниот портал Фактор воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење. Имено, стартувајќи од денеска, па секоја наредна недела во истиот термин, петок, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Бизнис муабети“, одбран токму во духот на доминантно економската определба на нашиот медиум.

Водител на подкастот е добро познатиот на македонската јавност новинар Мишко Иванов, уредник на многу популарни и гледани телевизиски емисии во својата кариера во изминатиот период.

Гости на нашиот подкаст ќе бидат еминентни имиња од светот на бизнисот, политиката, општественото живеење, власта, опозицијата, но и многу други релевантни соговорници чии професионален ангажман или делување оставиле печат на околината која не опкружува. 

Погледнете ја првата епизода од „Бизнис муабети“, на Фактор.

Популарно