Најлудото ливче во кладилница: Уплатил 100.000 евра на точен резултат и…

Објавено на 06 февруари 2017, 15:58

СПОДЕЛИ:

57 годишен Италијанец вчера направил до толку лудачки потег во кладилница, што добил дури и прашање од газдата дали е сигурен во тоа што го прави.

Човекот уплатил ни повеќе ни помалку, туку 100.000 евра на синоќешното дерби меѓу Јувентус и Интер.

Енормно високиот облог се случил во кладилница во градот Трапани на островот Сицилија, а газдата му се обратил со следниве зборови:

„Сигурен ли си за ова што го правиш и зошто се кладиш на толку многу пари на така специфичен вид на игра“?

Одговорот бил:

„Јас доаѓам од иднината, знам што ќе се случи и се вратив во минатото за да се збогатам“.

Еден од проблемите во оваа приказна е што Италијанецот не се обложил на победа на Јувентус кој важеше за фаворит, туку на точен резултат 3:1.

Добивката му беше 2 милиони евра, но Јуве победи 1:0.

 

СПОДЕЛИ: