Најнапорниот знак во хороскопот

Објавено на 05 јануари 2017, 21:25

СПОДЕЛИ:

Девиците се прогласени за најголеми злопамтила и ситничари.
Тие паметат се’, а особено туѓите маани. Нивното ситничарење и ставање се’ на „свое место“, обично кај луѓето кои ги опкружуваат предизвикува желба да се оттргнат од нив и никогаш да не се вратат во нивна близина.

Девиците се како слонови, никогаш не забораваат и не им е ни малку непријатно постојно одново да ве потсетуваат на моментот кога сте им сториле нешто лошо, иако можеби тоа се случило многу одамна.

Тие тежнеат кон совршенство на светско ниво, но никако не можат да сфатат дека прво мораат да поработат на себе.
Знаат да ситничарат кога се во прашање постапките на други луѓе, но своите маани како да не ги гледаат.

СПОДЕЛИ: