Не плаќајте доколку не ви дадат фискална сметка

Доколку продавачот не ви даде фискална сметка, може да не платите за купената стока или за добиената услуга. Но, ако инспектор ве фати дека не ја чувате фискалната сметка 15 метри од дуќанот каде што сте пазарувале, може да ве казни со глоба од 20 евра. Ова се најновите измени на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, кои веќе се во собраниска процедура. Овие одредби им се добро познати на граѓаните бидејќи ова е трет обид за нивно заживување во пракса. Претходните два обида паднаа на Уставен суд во 2007 година и уште еднаш лани. Целта на предложените измени, според Министерството за финансии, е да се дисциплинираат трговците што не издаваат фискална сметка, пишува „Дневник“.

g_fiskalna smetka

Образложението на Судот двапати беше дека одредбите се косат со Уставот, односно правилата на пазарот налагаат дека услугата или стоката мора да биде наплатена во моментот на нејзиното предавање, со што се заокружува односот меѓу купувачот и продавачот, односно не може да купиш нешто без да платиш и да стекнеш сопственост врз нешто за што не си платил.

Инаку, правникот Стамен Филипов двапати ги оспоруваше овие одредби пред судот и вели дека ако треба, тоа ќе го стори и трет пат.

„Граѓанинот не е тој што треба да му нареди на продавачот да му даде фискална сметка. Затоа постојат инспекции, јас како граѓанин не смеам да се поставам на тоа ниво. Вака, со целта да се зајакне фискалната дисциплина, се отвора правна рамка за озаконување на беззаконието. Така секој може да пазарува стока на места каде што не се издаваат фискални сметки и да си замине. Ова само може да ги зголеми тепачките, а најверојатно продавниците ќе треба да изнајмат и служби за обезбедување од несакани дејства. Затоа ова не може да биде регулирано вака, тој што не издава фискални сметки треба да се пријави во инспекција и таа да постапи“, вели Филипов, за весникот.

Од Министерството за финансии, „Дневник“ не доби одговор на прашањата зошто повторно се носат законски решенија за кои Уставниот суд се изјаснил дека се косат со Уставот и дали има некои правни промени во предложените законските одредби, со кои ресорот очекува тие да поминат и да се применуваат во пракса.

Од септември, кога беа најавени засилените контроли на УЈП, заклучно со октомври, Управата за јавни приходи има извршено вкупно 1.097 контроли во делот на фискализацијата. Кај 775 објекти или 71 процент од контролираните објекти во изминатите два месеца, даночниците утврдиле неправилности во финансиското работење, односно прикажување помал промет од реалниот и неиздавање фискални сметки и несоодветно водење на потребната финансиската документација. Кај 322 (29 проценти) контролирани бизниса даночниците не утврдиле неправилности.

„Би напомнале дека активна улога и наш партнер во спречувањето на даночната евазија се и граѓаните, кои пријавиле 2.440 случаи на неиздавање и други неправилности поврзани со фискални сметки преку бесплатната телефонска линија 198 или со поднесување електронска пријава“, велат од УЈП, за весникот.

Податоците на УЈП покажуваат дека годинава расте бројот на трговци што користат фискални апарати. Податоците покажуваат дека во првиот квартал од годинава бројот на фискални апарати изнесувал 115.057, а на фискализираните даночни обврзници 69.210. Во третиот квартал од годинава имало 119.794 фисклани апарати и 72.062 фисклализираните даночни обврзници.

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Имер Селмани: „Тежам околу 50 милиони евра"

Што се случува со неговата прва пасија, медицината, бидејќи завршил Медицински факултет, како и зошто го почнал бизнисот, со што се занимава неговата компанија, колку тежи неговото богатство, на што најмногу сака да троши пари...

„Горд сум на себе, бидејќи вработуваме луѓе, плаќаме даноци, имаме редовни приходи, инвестираме... денеска сме дисперзирани како компанија која што има повеќе дејности. Сега градиме, при крај сме, на еден супер луксузен модерен комплекс во едно место кое што беше заборавено од Скопје, од скопјани, од државата буквално. Тоа е помеѓу касарната Илинден и булевар Словенија, тоа е практично Карпош. Таму градиме станбен комплекс од речиси 350 станбени единици и деловен простор...“, ова меѓу другото го истакнува Имер Селмани, во првиот подкаст „Бизнис муабети“, кој од денеска ексклузивно ќе се емитува на порталот Фактор.  

Почитувани читатели, како што и Ви најавивме, денеска реномираниот портал Фактор воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење. Имено, стартувајќи од денеска, па секоја наредна недела во истиот термин, петок, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Бизнис муабети“, одбран токму во духот на доминантно економската определба на нашиот медиум.

Водител на подкастот е добро познатиот на македонската јавност новинар Мишко Иванов, уредник на многу популарни и гледани телевизиски емисии во својата кариера во изминатиот период.

Гости на нашиот подкаст ќе бидат еминентни имиња од светот на бизнисот, политиката, општественото живеење, власта, опозицијата, но и многу други релевантни соговорници чии професионален ангажман или делување оставиле печат на околината која не опкружува. 

Погледнете ја првата епизода од „Бизнис муабети“, на Фактор.

Популарно