Паѓа данокот - поефтинува греењето на пелети

Стапи на сила повластенатa даночна стапка за печки на пелети, како и за пелетите, што значи дека данокот на додадена вредност за нив oд 18% се намали на 5%, објавено е во Службен весник. Тоа треба да се одрази и на крајната цена и да ги направи подостапни за потрошувачите.

Пелетите се промовираа како една солуција за намалување на загадувањето, како и за поекономично загревање на домовите.

Во нивното производство и продажба се вклучува и јавното претпријатие Македонски Шуми од каде пресметката е дека ако едно домаќинство троши три тона пелети во сезоната, тогаш со намалениот ДДВ ќе направи заштеда од најмалку 5 илјади денари.

Пелетите имаат убедливо најмала емисиона вредност во однос на јагленот, нафтата и огревното дрво. Печките, шпоретите и камините на дрва имаат фактор на загадување 9 пати поголем поголем отколку тие на пелеети, а старите печки на дрва загадуваат и до 20 пати повеќе.

Субвенции за покрива на 70 проценти од трошокот или најмногу до 30 илјади денари за набавка на печки и котели на пелети најави и државата, а град Скопје веќе додели субвенции на 196 домаќинства од општинскиот буџет.

ФОТО: Никола Тодоров даде оставка

Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник на ВМРО ДПМНЕ Никола Тодоров, даде оставка од својата пратеничка функција. Во својот фејсбук статус тој ја објаснува причината за донесување на оваа одлука.

Хаос на судењето за „Диво Насеље“

Судијката Верка Петковска ги отстрани од судницата сите обвинети во случајот Диво Насеље. Тие бурно реагираа откако беа одбиени предлозите на одбраната, за овој предмет да бидат сослушани поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков и други екс-функционери.

Одбраната бараше изземање и на судијката и Судечкиот совет. Се очекува денеска Кривичниот суд да ја обзнани одлуката дали друг судија ќе постапува во случајот.

Во случајот „Диво Насеље“ обвинети се 37 луѓе за тероризам и терористичка организација.

Во нападите на 9 и 10 мај пред две години во кумановската „Диво насеље“ загинаа осум припадници на МВР и десет припадници на вооружената група.

Џафери свика седница на Собранието на Р. Мекадонија: Утре ќе се гласа новата влада

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

С О О П Ш Т Е Н И Е

Ве известуваме дека мандаторот за состав на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев, на 28.05.2017 до Собранието на Република Македонија, поднесе Предлог за состав на Владата на Република Македонија и Програма на Владата на Република Македонија.

            Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, Предлогот за состав на Владата на Република Македонија и Програмата на Владата на Република Македонија веднаш ги достави до пратениците, а седницата за избор на Владата ја свика за вторник 30.05.2017 (вторник) година, во 11:00 часот, за избор на владата на Репулика Макединија

КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Популарно