Поп дојде на Детската Клиника: "Не сакам моето бебе да умре некрстено, нека оди со ангелите"

На мојата Милица и е многу лошо. Ги молев докторите да ми дозволат да ја крстиме, за ако почине да биде горе меѓу ангелите каде и заслужува да е. Ова со солзи во очите го вели 22-годишната Славица Васиќ, мајката на девојченцето родено пред 17 дена, кое таткото го фрли на под.

Бебето е тешко повредено и лекарите се борат за неговиот живот. На мајката и е исполнета желбата на Детската Клиника, Милица да биде крстена.

- Мојот живот ќе заврши ако ми умре бебето. Само таа да преживее. Толку се мачев, се мачев да ја донесам на свет. Срцето ми се корне кога ја гледам немоќна, вели Славица.

Нејзиниот сопруг е во притвор.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно