Претседателката на Хрватска имала секс-видео со српски разузнавач?

Колинда Грабар Китаровиќ во 2013-та година, кога била помошничка на генералниот секретар на НАТО во Брисел, била во страствена врска со српски разузнавач. Поради сознанијата дека српските тајни служби би можеле да ги имаат компромитирачките секс-снимки, хрватската разузнавачка служба била во наводна паника, пишува Правда.рс.

hrvatska.jpg-500

Хрватските разузнавачи дигнаа узбуна откако на почетокот на неделата им било потврдено дека Колинда била во врска со српски разузнавач.

-Колку што знаеме, претседателката не знаела кој навистина е нејзиниот љубовник. Мислела дека тој се занимава со недвижнини и дека е богат наследник на стар белградски трговец со слики… Колинда неколку месеци со тој човек била во вонбрачна врска. Се состанувале во приватни апартмани во Брисел кои најверојатно биле под видео надзор! Се сомнева дека претседателката е снимена во експлицитни пози. Нашите врски од тајните српски служби велат дека снимките се архивирани и дека се чека само моментот за да бидат пуштени во јавноста, вели висопозициониран западен дипломат.

Божидар Спасиќ, поранешен припадник во Државна безбедност (ДБ), вели дека Колинда е многу убава жена, што е само по себе „безбедносен проблем“.

-И функцијата на Китаровиќ во НАТО беше да известува. Два разузнавачи, дури и ако се во емотивна врска, никогаш не ја забораваат својата работа. Сите нивни активноси се подредени на собирање на информации. Затоа не се исклучува можноста да српските тајни служби да ја имаат снимката од домашното видео на својот разузнавач со Колинда, смета Спасиќ и додава дека информацијата во кревет функционира по принципот „јас на тебе, ти на мене“.

Извор: Правда.рс

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно