Се фрлил пред македонски камион и предизвикал сообраќајка во која загинаа две деца

Tри лица, од кои две деца на возраст од 8 и од 5 години, загинаа ноќва во тешка сообраќајна несреќа што се случи во 1.30 часот на автопатот Суботица – Нови Сад во близина на Нови Сад, Србија. Тешко повредени се и две лица, од кои едното е во животна опасност.

11251205_779524242160927_6275645107871087789_n

До тешката несреќа дошло откако сè уште неидентификуван маж се фрлил пред камион со македонски регистaрски таблички. Во обид да го избегне телото на автопатот, „мерцедес“ со австриски регистaрски таблички, удрил во оградата, а потоа со задниот дел автомобилот влетал под застанатиот камион.

Од тешкиот удар загинале двете деца што се возеле во автомобилот. Возачот и совозачот со тешки повреди се пренесени во Клиничкиот центар во Војводина, каде што еден од нив е во животна опасност.

Српската полиција врши увид на местото на несреќата.

Престрелка во Скопје

Во 21 часот синоќа на улицата „Петар Манџуков“ во Скопје, во спортска обложувалница непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработениот. Крадецот, како што информира денеска полицијата, со закана со пиштол од вработениот одзел 46.670 денари, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Нова трагедија на автопатите - Загина тетовчанец

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила околу 8 часот вчера наутро близу патарината Групчин, загина еден тетовец.

Според полицијата, од засега непознати причини автомобил „бмв“ на автопатот Тетово-Скопје излетал од патот, при што од силниот удар, возачот го загубил животот.

Ученик претепал наставник во основно училиште - му ја скршил главата

Ученик (15) од гостиварското село Симница физички го нападнал наставникот Ш.К. (62) од основното училиште „Исмаил Ќемали“ од истото село иму нанел телесни повреди.

По вербална расправија помеѓу 15-годишниот ученик и наставникот малолетникот се нафрлил на наставникот и почнал да го удира со клоци и тупаници по главата и телото. Друго лице од училиштето успеало да ги раздвои. Наставникот завршил со расекотина на левата страна од главата и оток на челото и бил пренесен во здравствена установа каде му била укажана медицинска помош.

15-годишникот, заедно со родителот, бил повикан во полициската станица Гостивар, а по целосното расчистување на сите поединости, тој ќе се соочи со соодветен поднесок.

Популарно