Шок на Балканот: Седум ученички од основно училиште забременија на екскурзија

Училишен излет кој се одржал во мало место близу Сараево излегол многу „плоден“.

За време на ова 5 дневно патување, забремениле дури 7 девојки.

bremenostkmy76ki7yj76y76677

На почеток никој не забележал.

Но, една ученичка пријавила дека е болна а по неколку недели од екскурзијата се приметило дека стомакот и е се поголем и поголем.

Се повеќе девојки почнале да изостануваат од часовите. Поради тоа, професорите свикале итна родителска средба.

На таа средба работите излегле на виделина. Седум ученички останале бремени за време на школската екскурзија. Неверојатно!

Босанскиот министер по здравство предупреди дека постои голем проблем.

Саревски гинеколог изјавил за порталот „Космо: „Загрижувачки е дека девојките се на возраст од 13 години и дека поголем број од нив немале заштитени сексуални односи“.

Но додал дека таквото нешто за жал е во тренд кај тинејџерите.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно