Српско удбашки небулози за иднината на МПЦ

Објавено на 30 март 2016, 13:00

СПОДЕЛИ:

Откако Српската православна црква и по речиси година и половина, не успеа да најде начин како да одговори на писмото на Македонската православна црква за обновување на дијалогот меѓу двете цркви, особено откако Врнишковски излезе на слобода, сега се обидува преку „тајни црковни емисари“ медиумски да наметне теза дека решението за деценискиот спор небаре е готово, само уште да се формализирало. Секако по теркот и урнекот на Патријаршијата во Белград.
Marjan-Nikolovski-e1454188240558
Српскиот весник „Вечерње новости“ објави текст, кој доколку не го преземеше на својата официјална интернет страница Митрополитот Амфилохије, можеби ќе поминеше само како една обична новинарска шпекулација. Но објавувањето на тој текст со наслов„ Разговорите за статусот на непризнатата Македонска православна црква почнуваат ова лето“, засновани на анонимни извори од СПЦ, на страницата на Црногорско-приморската митрополија, не само што дава потврда на информациите напишани во него, туку значи и официјално застанување за нив.
Но што всушност пишува во тој текст.

Во него перфидно се протнува теза дека решението на статусот на МПЦ, наводно ќе бил договаран на „Големиот вселенски собор“ на Крит, а потоа и ќе почнеле разговорите.

Таа теза е апсолутно лажна и манипулативна, затоа што таква точка на дневен ред на Вселенскиот собор нема, ниту може да има.

Второ! Никој ниту може, а ниту пак има право да разговара и носи заклучоци за иднината на МПЦ, без нејзино присуство.

И трето, како што тргнала работата со тој долгонајавуван Собор, особено по информациите за луксузот во кој ќе помине, заканите од антиекумнистите, од него на крај, освен протоколарната заедничка фотографија, ќе нема ништо ниту суштинско, ниту значајно. Состојбите се толку опасни, што идејата на Вартоломеј да се впиша во историјата дека свикал Вселенски собор по 1200 години, може да заврши со историска белешка за неговата вина за можен нов огромен раскол во Православието.

Но, да се вратиме на тезата на СПЦ.

Во тој текст, заснован на анонимен извор, секако решението за МПЦ е во рамки на автономноста под СПЦ и во склад на Нишкиот, отфрлен договор. А каде и на друго место било решението? Анонимниот извор на „Вечерње новости“ категорично ја отфрла позицијата на МПЦ за автокефалност, како неприфатлива за СПЦ. Значи јасно и прецизно, „За нас тоа е неприфатливо“, вели анонимниот извор од СПЦ, а не како што овде „јованистите“ тврдат дека СПЦ не можела да дава автокефалност.

Целиот текст на Марјан Николовски прочитатјте го на Религија.мк

СПОДЕЛИ: