СТРАШНА сообраќајка: 8 повредени во тетовско

Осум лица се повредени во сообраќајка што се случила вчера попладне на излезот од Желино, на крстосницата од локалниот пат кон Стримница.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, во несреќата учествувале два автомобила со тетовски регистарски таблички, Поло управувано од Б.З.(19) од Желино и Пасат управуван од С.С.(70) од Стримница. Двајцата возачи, три сопатнички од Пасатот и тројца сопатници од Полото здобиле телесни повреди и биле пренесени во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош се пуштени на домшно лекување.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово и според првичните поидатоци, причина за несреќата е непочитување на првенство. Материјалната штета се проценува на околу 80.000 денари.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Трагедијаутрово ја потресе Македонија: Тинејџер загина на лице место

Деветнаесет годишно момче од Радовиш утрово загина во сообраќајка која се случила на магистралниот пат Радовиш-Струмица кај клучката Воиславци.

Како што пренесува МИА, сообраќајката се случила помеѓу патничко возило Голф управувано од Кристијан Р. роден 1998 година и товарно возило „Мерцедес“ управувано од Тодорче Ј. роден 1959 година.

Во незгодата на лице место починал возачот на голфот Кристијан додека неговата сопатничка Елена Г., исто така родена 1998 се здобила со повреди, со возило на итната медицинска помош пренесена е во Здравствениот дом Радовиш.

Полицијата направила увид. Утрово од 04:40 минути до 08:40 минути сообраќајот на магистралниот пат се пренасочуваше.

МВР КОНЕЧНО распиша потерница по убиецот на Мартин Јанушев

Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на СВР Скопје.

– Поднесена е кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница итн. за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот, рече Спасовски.

Додаде дека имаат индиции за местото каде што се наоѓа сторителот и во моментот МВР е насочено на неговото откривање.

28-годишниот Мартин бил син на полициски службеник и брат на вработен во единицата Алфи.

Тој беше застрелан на 3-ти ноември, околу 18 часот пред влезот на зградата во која живеел, во населбата Аеродром.

Дел од очевидците раскажаа дека врз него било стрелано 4-5 пати во пределот на главата и вратот.

Јанушев играше за клубот „Локомотива“, а претходно кариерата ја градеше во клубовите „Маџари Солидарност“ и „11 Октомври“.

ВИДЕО: Страшна сообраќајка во Скопје!

Синоќа на скопскиот булевар „Партизански одреди“ се случи тешка сообраќајна несреќа во која што за среќа, после судирот на две возила, нема загинати.

Автомобилите наводно возеле со голема брзина и се судриле на булеварот спроти пекарата „Силбо“, при што е причинета голема материјална штета. Едно од возилата удрило во билборд кој што е срушен и за малку ќе влетало во експозитурата на НЛБ Банка. Екипите на итна помош реагирале веднаш, а полицијата изврши увид на местото на сообраќајната несреќа.

Како што пренесува 24vesti.com.mk, едно лице кое што управувало со еден од автомобилите било повредено и префрлено во болница, а за среќа нема жртви.

Популарно