Трагедија во средно училиште во Скопје: Матурантка почина на час

Вчера во 18.30 часот од Ургентен центар Скопје во ЕИК Скопје било пријавено дека во ГУЦ „Здравко Цветковски“, на час по Историја, на ученичката А.А. (18) од Скопје во еден момент и се слошило, по што паднала од столчето.

По неуспешниот обид од професорите да ја освестат била повикана Итна медицинска помош, кои се обиделе да ја реанимираат, но не успеале.

После тоа истата била пренесена во Ургентен центар каде од страна на лекар била констатирана смрт.

ФОТО: Автомобилот на пола, ја леди крвта

Страшна сообраќајка денеска ја зави Македонија во црно, откако згасна млад живот во Штип.

Според податоците, околу 05,30 часот во Штип на улицата „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „Ауди“ со светиниколски регистерски таблици управувано од 21-годишната Б.Т. од Каратманово-Свети Николе удрило во електричен столб. Од здобиените повреди, на самото место починала сопатничката, 21-годишната В.Г. од Свети Николе, а возачот бил пренесен во Клиничката болница во Штип.

ФОТО: Луксузно БМВ сруши семафор во Скопје

Луксузно БМВ синоќа на дождот се заби во семафор на булеварот Теодосиј Гологанов и го сруши.

Идентитетот на БМВето не е познат, а извесно време сообраќајот беше запрен во едната лента на булеварот.

Матурант прегази деветгодишно дете, почина на лице место

Голема трагедија ја потресе Хрватска, кога деветгодишно момче беше прегазено од матурант и почина на лице место.

Директорката на училиштето ја потврдила веста и изразила сочувство до родителите на детето.

Таткото на детето напиша: Мојот син е сега со ангелите. Со оваа објава го растажи регионот.

Малото момче се викало Патрик.

Популарно