Во што е тајната?
За љубителите на месо и млечни производи, ова е секако одличен избор, а оние кои ја користеле нагласуваат дека со оваа диета може да се регулира шеќерот во крвта (што посебно се препорачува за дијабетичари) и значително се намалува тежината на телото.
Овој режим на исхрана, како што и самото име имплицира, промовира намален внес на јаглени хидрати, а акцентот е ставен на масти и протеини.
Друга предност на оваа диета е тоа што може да заборавиме на калориите, како и придржувањето кон определена временска рамка, но мора строго да се почитуваат правилата и во никој случај не се допре забранетата храна.
ДОЗВОЛЕН ХРАНА:
- Сите видови на месо (телешко, говедско, мисиркино, диво)
- Сите видови на риби и ракови и
- Јајца на сите начини
- Зеленчуци кои растат над земјата: зелка, кељ, брокула, прокељ, аспарагус, тиквички, маслинки, модар патлиџан, спанаќ, печурки, зелена салата, авокадо, кромид, пиперки, домати и сл.
- Млечни производи со висок процент на масти: јогурт, путер, павлака, крем сирење,кајмак, грчки јогурт, разни врсти на сирења
- Мешункасти овошја: семки од сончоглед, семки од тиква, бадеми, ореви, лешници, индиски ореви, бразилски ореви.
ПОНЕКОГАШ ДОЗВОЛЕНО:
Зеленчук: цвекло, морков, репка, целер
Овошје: Едно овошје на ден наместо слатки, особено малини, бидејќи тие содржат мали количини на шеќер
Чоколадо со поголем процент на какао (над 70 отсто), еднаш или два пати неделно
НЕ Е ДОЗВОЛЕНО:
- Шеќер, сокови, газирани пијалоци, тетсо, торти, сладолед, колачи, мусли, мафини, гранола мусли, како и вештачки засладувачи
- Житарици и скроб: леб, тестенини, ориз, компири, помфрит, чипс, житарици, каши
- Маргарин, рафинирани масла
- Пиво