Целото семејство преминало во ислам - Синовите Филип и Огњен сега се викаат Есад и Хамза

Своето преминување во ислам во Мелајска џамија, вчеравечер јавно пред присутни сведоци и имамот на истата џамија, го потврдиле четири члена од семејството Новаковиќ од Белград, пишува „sandzakprees“.

Брачниот пар Бојан и наташа со синовите Филип и Огњен шехадетот го кажале пред имамот Асмир еф. Црновршанин.

После прифаќањето на исламот брачната двојка ги зеле имињата Исмаил и Едина, додека децата ги добиле имињата Есад и Хамса.

Имамот изјавил дека ова не е прв случај и се надева дека ќе има уште многумина кои ќе ја прифатат вистинската вера. После прифаќањето на верата следувала и шеријатска венчавка.

Луѓето кои ќе се одлучат да станат муслимани мораат да го изговорат шехадетот на арапски јазик, а се препорачува да го изговорат и на својот мајчин јазик, пред некој овластен имам, или муслиман со најмалце двајца сведоци.

После тоа, лицето се здобива со целосно право да се нарекува муслиман.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно