ВИДЕО: Автобуска линија на смртта - вози, зборува на телефон и пополнува документи!

Автобуската линија на смртта, според овој паник е на релација од Загреб до Задар. Додека седел зад воланот возачот не се концентрирал на патот, туку се занимавал со броење пари, прегледување карти, пополнување документација и зборување на мобилен телефон. Според зборовите на еден патник, тие за малку ќе биле учесници во стравотна несреќа.

Untitled

Патник кој се возел во автобусот на својот фејсбук-профил објави видео на кое се гледа како возачот пополнува документи наместо вниманието да го насочи на патот.

„Еве што се случува кога компанијата чии автобуси сообраќаат на релација Задар - Загреб штеди на кондуктер, па возачот кој управува автобус со 42 патници на дождливо време и при слаба видливост, со брзина од 110 километри на час, е зафатен и со други обврски. Дваесет минути гледав како тој пребројува пари, се занимава со билети и сметки, пополнува документи и разговара на мобилен телефон. Во еден момент, возачот загуби контрола, па автобусот навлезе во соседната коловозна лента и малку фалеше да заврши во заштитната ограда. За среќа, успеавме да го преживееме ова морничаво патување, но јас лично веќе никогаш нема да се возам со оваа компанија“, напишал незадоволниот патник.

Vozac autobusa u Zagrebu by coolPick

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно