Кај нас веќе неколку фолкерки имаат ставено силикони како што се Елена Велевска, Адријана Кеш, Џесика Палашкоска, Марина Тошиќ, Анета Наковска… Овој пат Ви претставуваме една нова фолк дама која само што ја започна својата кариера, а каде и да се појави, веднаш сите погледи се свртени кон неа и… нејзините природни, бујни гради.
Станува за младата фолкерка Зорица Ѓеоргиевска која што има само 19 години и потекнува од Кратово. Зорица „жари и пали“ на настапите со нејзиниот изглед, стас но и со нејзиниот глас.
Дооброупатените во фолк музиката велат дека таа е нашата идна голема фолк ѕвезда. Зорица пред еден месец го промовираше заедничкиот дует со Влатко Алексовски за кој и снимаа спот со песната “Mоето срце, чука за тебе”.
Следното нешто што го најавува е видеото спотот за песната “Милувај ме”.
Зорица за себе вели: “Упорна сум затоа што знам као треба и сигурна сум дека ќе успеам”!
Видете ја и слушнете ја на дело, дали е во право?