(ВИДЕО) Најстрашната средба со ајкула

Еден нуркач ја имал најстрашната средба со ајкула за време на своето нуркање. Ајкулата го нападнала без никаква провокација од негова страна. Среќа што имал харпунг со него, инаку тешко да излезеше од ситуацијата жив.

(ВИДЕО) Горила -мајка ги разнeжни сите: Погледнете што направи со своето штотуку родено бебе

Горилата Калаја од Националната зоолошка градина „Смитсонијан“ во Вашингтон, за прв пат во животот, стана мајка.

Шеснаесетгодишната мајмуница сама се породи, а во моментот кога за првпат го виде својото бебе прво го бакна, па потоа ја продолжи процедурата.

Малиот Мок е прватата горила родена во зоолошката градина Смитсонијан во изминатите девет години.

-Раѓањето на горила е многу важно, не само за нас во зоолошката градина, туку и за целиот свет, бидејќи овој вид мајмуни е во загрозените видови. Целта на нашиот тим е да и помогнеме на Калаја околу грижата за нејзиниот потомок, бидејќи ни е прва мајка. Ние нашето ќе го направиме секако, но во секој случај таа одлична мајка и ја има целата наша доверба, вели Мередит Бастиан која задолжена за чувањето на приматите.

Татко на малиот Мок е 11-годишниот мажјак Барак, пишува Дејли Мејл.

(ВИДЕО) И се пресекле нозете: Снимила изненадна средба со огромна отровна ѕвечарка

Линдси Ниллсен од Џексонвил снимила видео од огромна ѕвечарка на која наишла на една ливада, додека шетала со пријателите. Нилсен објавила видео на Фејсбук кога наишле на змијата долга околу 180 см на ливада кај местото Оаклеф на Флорида. „Зар не е убава“, напишала Нилсен. Рекла дека таа и нејзините пријатели не ја повредиле змијата, која отползила во тревата. „Тоа е голема змија“, се слуша машки глас во позадина.

Популарно