ВИДЕО: Несторовски повторно стрела – овој пат нема бодови за Палермо

Објавено на 01 ноември 2016, 03:36

СПОДЕЛИ:

Македонската машина за голови во италијанското фудбалско првенство, работи перфектно. Илија Несторовски беше незадржлив и за тимот на Каљари.
vmczk-14201-3

Македонската деветка синоќа го постигна својот петти гол во 11 меча во Калчото.

Домаќините со два гола на Десена имаа водство од 2-0, Несторовски во 79. минута погоди и го врати Палермо во живот, но не успеаа да избегнат пораз до крајот на мечот.

По 11 одиграни кола Палермо е на претпоследното место на табелата со шест бода, тимот има постигнато вкупно осум гола од кои дури пет се на Илија Несторовски.

И од друг агол:

СПОДЕЛИ: