ВИДЕО: Паднаа во вода пред време - попот се задеваше со момчињата

Иако видеото е малку постаро, вреди да се погледне за подобро расположение.

Попот ги задеваше младите момчиња кои скокаа по крстот, некои паднаа предвреме, некои за малку се спасија.

Дебранец украл пари, злато и други вредни предмети во вредност од 40 илјади евра

Дебарското одделение за внатрешни работи денеска поднесе крвична пријава против 31-годишниот К.Т.  за „уцена“ и „тешка лражба извршена во дом на негов сограѓанин.

-Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена“ и „тешка кражба“,кривична пријава е поднесена против К.Т.(31) од Дебар, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него на трети овој месец, по упатени закани и уцени кон 33-годишна жена од Дебар, пријавениот го добил безбедносниот код од нејзиниот дом и откако влегол, одзел повеќе златни и други вредни предмети и пари во различни валути и апоени со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 40.000 евра. 

Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни. 

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024. 

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ. 

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата. 

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.

Како што соопштува МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р Бугарија.

- Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата, соопшти МВР.

Популарно