Девојката на ѕвездата на фудбалската репрезентација на Бразил, Неимар - Бруна Маркезине, е во центарот на вниманието на секој натпревар на националниот тим на оваа земја-домаќин на Светското првенство. Ова е убава шанса за оние снаодливите да ја искористат за да заработат нешто.
Така, секој кој сака да ја има Бруна може да ја купи за 66 евра. Еден навивач на Бразил шета пред секој натпревар на "кариоките" на Мундијалот 2014 и ги продава картонските копии на 18-годишната убавица. Тие се високи 1,70 метри.
- Досега сум продал многу вакви. Заработив повеќе од 500 евра - изјави навивачот.
Бруна го поддржува своето момче, па дури и се расплака по драмата со пенали против Чиле за пласман во 1/4-финалето. Маркезине одби да седи во ВИП ложата на стадионот Бело Хоризонте. Таа се слеа со навивачите на Бразил, а откако нејзиниот сакан го постигна победоносниот погодок од пенал, се расплака.