ВИДЕО: Што се случува ако се закачиш со Перо Антиќ?

Објавено на 15 декември 2016, 05:08

СПОДЕЛИ:

На последниот меч Фенер како домаќин го совлада Банвит (76-71), а Антиќ постигна вкупно осум поени. Пред него, на листата на стрелци беше Боби Диксон со 10 поени, а по мечот двајцата решија да се пошегуваат.

Диксон, чие турско име е Мухамед Али, потпомогнат од Џиџи Датоме реши да се закачи со нашиот кошаркар, а потоа и да бега околу стручниот штаб, но подоцна, Перо го фати и му врати со „заушка“.

СПОДЕЛИ: