Викенд хороскоп

Овен

Не се чувствувате најдобро. Иако се обидувате нормално да функционирате, тешко ви поаѓа од рака, зашто сте притиснати од многу деловни и приватни проблеми. На работа не се случува ништо значајно, но, за чудо, тоа не ве вознемирува ни најмалку.

Бик

Уживате во сите видови задоволства. Дишете со елеганција, љубов и сензуалност. Се наоѓате во фаза кога ја активирате цела креативна сила. На деловен план очекувавте повеќе, но моменталните околности се малку поинакви. Всушност, никој и не ви е виновен кога ги идеализирате соработниците…

Близнаци

Активни сте, а тоа е одличен лек за незадоволството. Ако ви е за утеха, ни околината не се чувствува најдобро. Ќе забележите деловен успех, финансиска добивка, среќа на лотарија, а со оглед на тоа дека состојбата е минлива – треба да ја искористите до максимум.

Рак

Мислите интензивно ви се свртени кон некого. Желбата за љубов и создавање семејство е зголемена. Кога ќе наумите нешто, тоа го исполнувате. Имате проблеми со трпеливоста. Сакате веднаш да знаете на што сте, но околностите не ви го дозволуваат тоа.

Лав

Загрижени сте поради семејните односи и здравјето. Ова не е период за решавање проблеми, па затоа бидете трпеливи и дочекајте го поволниот момент. Така како од шега ќе решите се’ и ќе видите дека беспотребно сте се грижеле. Трошете го времето со пријатели.

Девица

Повторно сте со разнишано расположение. Се чувствувате незадоволно и исфрустрирано. Потрудете се да ја поштедите околината од вашето расположение, иако тоа тешко ќе ви оди. Морате да соберете сила и да се смирите, бидејќи ве очекуваат значајни позитивни промени.

Вага

Се наоѓате во поволен период кој е придружен со добро расположение и толеранција. Искористете ја таа ситуација на работното место и за подобрување на запуштените емоции. Посветете повеќе внимание на партнерот.

Скорпија

Растргнати сте на повеќе страни. Колку ќе успеете да издржите, зависи само од вашата кондиција. Слаба точка на организмот е срцето и може лесно да се заморувате. Бидете внимателни и со нервите.

Стрелец

На момент ќе успеете да избегате од суровата стварност. Се јавуваат симпатии кон некого, но немојте да очекувате премногу, бидејќи може да се разочарате. Вие сте личност која се’ однапред планира, па станувате жртва на сопствените нереални желби.

Јарец

Проаѓате низ специфична психичка криза. Ги криете чувствата и се’ чувате во себе, што може да се одрази на вашето здравје. Нетрпеливоста и избрзувањето имаат своја цена. Потрудете се да ја разбиете желбата за доминација и не размислувајте за нови почетоци.

Водолија

Размислувате да отпатувате во странство. Морате да создадете сигурен терен за да реализирате идеи кои на многумина им се чудни. Доколку сте во љубовна врска, не сте сигурни што точно сака партнерот од вас.

Риби

Викендов не организирајте и не договорајте никакви средби. Се препорачува да го минете викендот сами. Не преземајте никакви ризици. Ќе бидете растргнати. Ќе имате внатрешен немир. Вашите желби викендов нема да кореспондираат со реалноста.

Ова се двата најинтелигентни хороскопски знаци

Без разлика дали сте авторитетен Овен или грижлив Рак, секој хороскопски знак има свои најпривлечни квалитети. Овие астролошки читања можат да предвидат сè, од вашата романтична компатибилност до вашето здравје.

Но, кога станува збор за интелигенција, кој знак го презеде тронот?

Имено, Водолијата и Скорпијата се најпаметните хороскопски знаци, велат астролозите, но поради две сосема различни причини.

Луѓето родени во знакот Водолија имаат највисоко ниво на аналитичка интелигенција, која се мери со когнитивните способности и коефициентот на интелигенција.

Скорпиите, од друга страна, имаат попребирлив ум; тие се најдобри во реалното оценување и разбирање на светот како целина.

Тоа не значи дека другите знаци не се интелигентни на свој начин. Всушност, Близнаците и Вагата имаат и многу когнитивни способности, додека Ракот и Рибите се емотивно најинтелигентни; со други зборови, тие се одлични во препознавање и судење на сопствените и туѓите чувства.

Од друга страна, земјените знаци Бик, Девица и Јарец покажуваат практична интелигенција, а огнените знаци Овен, Лав и Стрелец имаат тенденција да бидат најинтуитивни, што ги прави повеќе склони кон ризик.

Ова се три хороскопски знаци кои се вистински нарциси

Хороскопот открива многу за нашиот карактер.

Тој ги открива нашите добри и лоши страни. Сите се сакаме себеси и понекогаш сакаме да бидеме во центарот на вниманието, но постојат три знаци кои се вистински нарциси.

Овен

Овните се познати по својата импулсивност, упорност и желба за внимание. Тие се способни да направат драма од ништо и не само што не им е важно како ќе изгледа тоа во вашите очи, туку и се полни со себе кога тоа ќе се случи. Сакаат да бидат доживеани како храбри и единствени и веруваат дека се многу подобри од останатите. Никој не знае ништо подобро од нив.

Лав

Родените во овој знак се познати по својата драматична природа и потреба за внимание. Тие живеат за моментите кога се во центар на вниманието и тогаш се чувствуваат како ѕвезди. Нивната самоувереност често се изразува како нарцисоидност бидејќи тие сакаат да зборуваат за својот успех, но и тоа колку се сакани и ценети.

Стрелец

Стрелците се познати по својата независност и спонтаност. Ја сакаат слободата и сметаат дека не мораат за ништо да им се објаснуваат на другите. Но, нивната постојана желба за авантура може да направи да сметаат дека само нивните искуства се важни и дека со самото тоа тие се подобри од другите кои не живеат на ист начин. 

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога станува збор за работата. Ќе успеете да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Можни се проблеми поврзани со кашлица.

БИК

Заземете еден одреден став и борете се за него до крај. Не ја расфрлајте својата енергија на споредни цели. Ако сакате промени многу е важно да му покажете на партнерот во која насока размислувате. Чувствителен предел на градниот кош.

БЛИЗНАЦИ

Можете да очекувате стабилна ситуација на работно поле. Имате можност да дојде до добра соработка. Доколку сте слободни, може да се надевате на ново познанство. Денот е поволен и за зафатените. Водете сметка за исхраната.

РАК

Доколку се пред вас нови случувања подгответе многу енергија за промени. Нема да биде лесно. Ве очекува можност да влезете во љубовна врска со личност кон која имате одредени симпатии. Можни се проблеми со притисокот.

ЛАВ

Финансиската ситуација може да биде позитивна ако се потрудите да донесете правилни одлуки. Сакате да му ги покажете на вашиот партнер своите искрени емоции. Време е вашата врска да напредува. Поволен период за почеток на диета.

ДЕВИЦА

Можно е потпишување на договор. Разгледајте ги сите ставки пред да се одлучите на таков чекор. Сакате да направите промени на ова поле и многу ви е важно саканата личност да размислува во тој правец. Избегнувајте цигари.

ВАГА

Слушајте ја својата интуиција и потрудете се да се посветите на работата максимално. Време е да се насочите кон нови работни задачи. Ова не е поволен ден, ве очекува разочарување поврзано со нова личност во вашиот живот. Можни се проблеми со нервниот систем.

ШКОРПИЈА

Обидете се да одржите стабилна состојба на работно поле. Дајте си време да научите нови тајни на својот занат. Имате впечаток дека партнерот е ладен кон вас. Можно е да дојде до прекинување на врската. Склони сте кон депресија.

СТРЕЛЕЦ

Не е поволен ден за вас на работно поле. Може да очекувате некои компликации. Ви се отвора можност да ја освоите личноста кон која имате емоции уште од минатото. Внимавајте на црниот дроб и панкреасот.

ЈАРЕЦ

Можно е да се трудите да дојде до промени, но сѐ уште не можете да успеете во тоа. Покажете малку трпение. Се појавуваат нови проблеми помеѓу вас и саканата личност и не ви е лесно да се носите со нив. Потребна ви е масажа.

ВОДОЛИЈА

Размислувате за започнување нов бизнис но како сѐ уште да не сте подготвени за тој чекор. Доаѓате до контакт со личност која ќе посака сериозна врска. Дали сте подготвени да и го овозможите тоа? Здравствената состојба е сѐ подобра.

РИБИ

Ви се нуди можност за напредување и секако треба да ја искористите шансата. Ви изгледа дека партнерот не се поставил фер кон вас и тоа не ви се допаѓа. Можни се проблеми со забите.

Популарно