Влатко Стефановски на Хераклеа

Утре, 16 август, во рамките на Бит Фест Влатко Стефановски ќе одржи концерт во Античкиот локалитет Хераклеа. Еден од најголемите македонски музичари на сите времиња ќе има работно лето со промоцијата на новиот албум. Овој македонски виртуоз секогаш прави концерти за паметење.

vlatko-stefanovski-na-ljetnoj-turneji-po-hrvatskoj-504x335-20080417-20101019005448-85323

Ова се датумите за овогодинешниот ПивоФест

Новото издание на фестивалот на пивото и скарата во Прилеп ќе се одржи од 13-ти до 16-ти јули.
 

 

Ова ќе биде јубилејно 15-то издание на Пивофест кој стана заштитен знак на градот и кој секоја година привлекува се поголем и поголем број на посетители од цела Македонија.

Се очекува во наредните денови да бидат објавени пиварниците што ќе учествуваат на фестивалот како и целокупната музичка програма за време на фестивалските денови.

ФОТО: 8 куршуми му го прекинаа патот до дома

Ноќеска околу 2 часот по полноќ во прилепското село Канатларци 24-годишниот Е.И. жител на селото бил застрелан со 8 куршуми, неофицијално дознава Маркукуле.
Според информациите лицето седело пред продавница во селото, при што на враќање кон дома бил зачекан на улица и изрешетен.
Информациите говорат дека лицето им подлегнало на повредите.

Прв до врв и Empire State Building Fitness Centar ве носат на Водно - Матка

Прв до врв заедно со Empire State Building Fitness Centar ве носат на Водно - Матка.

Следниот викенд планирајте го за освојување на Водно, но и продолжена тура до Матка. Турата е рекреативна и е наменета за планинари и велосипедисти.

Патеките за движење на групите планинари и велосипедисти како и останатите детали за турата ќе бидат објавени дополнително.

Турата ја организираат Прв до врв и Empire State Building Fitness Centar.

За повеќе информации одете на линкот тука.

Популарно