(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Цел Балкан во шок: За Божик испекла куче!

Млада девојка за божикниот ручек спремила куче, тоа го објавила на Фејсбук, а нејзиниот пост го шокираше регионот.

– За денешната прослава: печено куче. Свинското не ми одговара, откако пробав куче, свинско повеќе не јадам, затоа што кучешкото е многу повкусно. Да живеат браќата Кинези, знаат тие што јадат, напишала, помеѓу останатото, Хипитија Теонова од Лесковац.

Нејзината објава наиде на лавина критики, но многу брзо луѓето што коментирале ја откриле правата вистина – Хипатија воопшто не јадела месо и всушност се бори за правата на животните. Таквиот развој на случувања многу луѓе ги разбеснело, а Хипатија објавила и како пораките и се полни со заканувања.

Пребарувајќи малку по нејзиниот Фејсбук профил многу лесно е да приметите дека се залага за правата на сите животни, а видливо е како нејзиниот став со текот на времето е се пожесток. Кулуминирало тоа со последната објава чија цел на предизвикување неверување во потолност и успеал, и покрај тоа што во голема мера и на своја штета.

Добро ќе се збогатат за Нова Година - колку пари ќе земат Мерлин, Брена, Жељко и Ана

Најпознатите пејачки ѕвезди добро ќе поминат оваа Нова Година, а уште сега е познато колкави хонорари ќе добијат.

Дино Мерлин ќе пее во Дубровник за 80.000 евра. Цеца ќе пее во клуб во Бања Лука за 50.000 евра. Ана Николиќ ќе го прекине породилното боледување и ќе пее во белградски хотел за 25.000 евра. И жељко Јоксимовиќ за истата сум како Ана ќе пее на Јахорина.

Апсолутен рекордер е Лепа Брена, која оваа година ќе добие 100.000 евра за настап во луксузниот хотел во Петровац.

(ФОТО) Старлетата Стела Тејлор со голи гради направи журка во Скопје

Вчеравечер во скопскиот клуб „Ив“ познатата старлета и танчерка Стела Тејлор направи вистинска секси журка за гостите. Со голи гради и провокативен танц Стела ги загреваше присутните во клубот, па ретко кој остана рамнодушен на нејзиниот перформанс. Жешкиот танц старлетата го разлади со млекото со кое почна да се полева за време на настапот, што беше причина да внесе плус расположение вечерта во клубот.

(ВИДЕО) Ким Кардашјан испи смути од сардина во шоуто на Џејмс Корден

Ким Кардашјан испи смити од сардина во шоуто на Џејмс Корден само за да не открие дали нејзините сестри Клои и Кајли се бремени. Таа и Корден ја играа играта Spill Your Guts or Fill Your Guts, а според правилата, Ким требаше да одговара на интимни прашања или да испие, односно изеде нешто грозно, од менито понудено од Корден. Истите правила важат и за водителот.

Ким без проблем ги рангира членовите на семејството од најдобро кон најлошо облечен, ја откри најголемата мана на Канје, но не одговори на прашањето за шпекулациите за бременоста на Клои и Кајли, па без размислување испи смути од сардина.

Гледајте го видеото за да видите како изгледаше играта на Ким и Корден.

Популарно