Александар го уби татко му со 22 убода со нож зашто го терал на орален секс

Александар Маринковиќ (20) од Алексинац, Србија, кој е обвинет дека со 22 убоди со „рамбо“ нож на 10. јануари оваа година го избодел својот татко Срѓан Маринковиќ (43), на судењето се бранел дека злочинот го направил бидејќи татко му го терал орално да го задоволи.

tatkosin-473x630

Убиството поради кое на момчето му се заканува затворска казна од 40 години се случило во куќа во селото Глоговиц, откако таткото и синот се вратиле од една прослава.

– Кога си дојдов, беше буден, стана и почна да ме тепа. Ги соблече боксериците, ме фати за глава и ме повлече кон својот полов орган. Рече: „тој те направи, него и ќе го бакнуваш“. Ми ја влечеше главата кон половиот орган и викаше: „П**и го, друго и не знаеш да правиш“. Кога го почувствував пенисот на усните, ми се згади животот. Се во мене се преврте. Осетив бес и гнев, изјавил Маринковиќ.

Тој рекол дека во еден момент татко му ги облекол боксерките и тргнал надвор до тоалет. Му рекол „нигде да не мрда“. Се сеќава дека го убодел два пати со ножот и повеќе на ништо не се сеќава. Тој тврди дека татко му и пред тоа го терал орално да го задоволува, но некако успевал да се одбрани.

Александар сведочел и дека Срѓан многу го тепал во детството зборувајќи му дека не е негов син, а на помалиот брат му пуштал порно филмови иако бил дете. Неговата сестра Сандра, која по разводот останала да живее со таткото, сведочела дека во една прилика таткото и се вовлекол во креветот пијан, по што се преселила кај нејзината мајка каде веќе биле нејзините браќа.

Судењето е прекинато поради дојава за бомба и ќе продолжи на 15. јуни.

Англичаните воодушевени од стадионот во Белград: „Ова ќе биде едно од најдобрите места за играње фудбал“

Србите пред неколку дена и официјално започнаа со изградбата на новиот фудбалски стадион кој се наоѓа во околината на Белград. Сите беа воодушевени од проектот и како ќе изгледа стадионот кога ќе биде готов, а воодушевени се и англичаните кои имаат само пофални зборови.

„Србија го претстави проектот за новиот стадион. Фасцинантно изгледа ова технолошко ремек дело кое ќе биде опкружено со дрвја и зеленило. Србија планира величествен стадион и се насочува кон еколошки пристап и дизајн. Претседателот Александар Вучиќ рече дека ова ќе биде едно од трите најубави места во светот на кои ќе се игра фудбал.“ – се вели во текстот на британскиот „Дејли мејл“.

Изградбата на стадионот ќе чини 257 милиони евра, а ќе има капацитет од 52.000 гледачи. Планирано е изградбата да заврши до крајот на 2026-тата година, а Белград и новиот стадион ќе бидат домаќини на финалето од Лигата на Европа во 2028-мата година.

(Видео) Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“

На денешен ден пред една година настана трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му уби девет ученици и чуварот на училиштето, а рани уште неколку.

На местото на трагедијата пристигнуваат се повеќе луѓе за да им оддадат почит на жртвите. Први пристигнале членовите на семејствата на убиените деца, а глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

„Помина една година од невидената трагедија која остави неизбришлива лузна на душата на целата земја, но болката, неверувањето и неизмерната тага не поминаа“, рече Вучиќ.

На 3 мај минатата година Коста дошол вооружен во училиштето и од влезната врата го започнал својот крвав поход, во кој животот го загубија девет деца и чуварот.

Откако го извршил масакрот повикал полиција и пријавил што направил.

Веднаш по трагедијата се одржа вонредна конференција на српското Министерство за внатрешни работи, на која беа соопштени деталите за она што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“.

„Повикот дојде во 8 часот и 42 минути наутро, две минути по пријавувањето на случајот во полиција од страна на заменик директорот на ова училиште“, изјави началникот на белградската полиција Веселин Милиќ.

На таа конференција Милиќ изјави и дека К.К. еден месец го планирал злосторството. Тој го покажа и списокот што полицијата го пронашла во станот на момчето убиец, на кој биле испишани имињата на учениците кои планирал да ги убие.

Дополнително, како што тогаш беше кажано од највисоките функционери на српската полиција, К.К. имал и прецизен план на училиштето, со означен влез и излез.

Поради делото, Коста е во болница, а против татко му и мајка му, Владимир и Миљана Кецмановиќ во меѓувреме е покренато обвинение, со оглед на тоа што момчето-убиец во моментот на делото имало 13 години и затоа не е кривично одговорен.

Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека обвинетиот Владимир Кецмановиќ во периодот пред трагедијата го научил својот син да пука во цели во форма на концентрични кругови и силуети на луѓе, да стои и да дише кога користи огнено оружје.

Против семејството Кецмановиќ се водат три граѓански постапки, а поднесени се вкупно пет тужби, меѓу кои и една кривична.


Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Популарно