Како да помогнете на човек кој има епилептичен напад!!!

Епилепсијата е едно од најчестите хронични невролошки заболувања.Тоа е нарушување на мозочната активност кое се карактеризира со епилептични напади.Нашите мисли,постапки и чувства ги контролираат клетко во мозокот кои меѓусебе комуницираат преку постојани електрични импулси.Ненадајна навалица на поголема електрична активност го нарушува овој вообичаен тек,при што доаѓа до епилептичен напад.Постојат различни видови на напади како :

epilepsija

Прости делумни напади

Овие напади влијаат само на еден дел од мозокот,кој контролира одредена активност или дел од телото.За време на нападот лицето е свесно.Нападот трае помалку од минута и после нападот лицето закрепнува.

Примери за вакви напади се “дежаву“ или веќе видено,неволно движење на екстремитетите,чувство на гадење,пеперутки во стомакот и слично.

Сложени делумни напади

Овие напади исто така настануваат само во одреден дел на мозокот но ја менуваат свесноста.Така лицето станува зашеметено и да прави необични работи.

Напади кои предизвикуваат умствена отсутност (petit mal напади)

Ова се општи напади кои го зафаќаат целиот мозок,лицето ја губи свесноста но ретко паѓа на земја.Најчесто се јавуваат кај деца.Се манифестираат со отсутност,односно занесеност,превртување на очите или трепкање со очните капаци.Тешко се распознава обична занесеност и ваков вид на напад.Но ваквите напади доаѓаат ненадајно и може да ја јавуваат повеќе пати во текот на денот,при што може да влијаат врз концентрацијата и учењето ако се работи за ученик.

Миоклонични напади

Миоклоничните напади се неконтролирани грчови на мускулите. Овие напади обично се

случуваат набргу по будењето или пред легнување, кога лицето е изморено. Како и при

другите општи напади, доаѓа до губење на свеста, но тоа е многу кусо и одвај забележливо.

Тонично-клонични напади

Кога ќе се спомене епилепсија,обично мислиме точно на овој вид.Овој вид на епилепсија го зафаќа целиот мозок,при што лицето ја губи свесноста,паѓа и прави неконтролирани силни ритмички движења.Веројатноста дека нападот може да му наштети на лицето е многу мала,но може да се повреди во околнте предмети или да си го гризне јазикот.Затоа е многу важно да се знае како да се постапи при ваков случај.

Тонични напади

Ова се напади кои предизвикуваат вкочанување на мускулите.Може да се јават во серии за време на спиењето,а доколку лицето е будно и спои може да падне,и да ја повреди главата.

Атонични напади

Овие напади влијаат врз затегнатоста на мускулите,и лицето исто така паѓа наземи.Можна е повреда на главата или лицето.Во двата случаи препорачливо е да се носи заштитен шлем за да се намали ризикот од повреда.

ПРВА ПОМОШ ПРИ НАПАД НА ЕПИЛЕПСИЈА

Никогаш не се обидувајте да го спречете нападот,

Не паничете,останете смирени покрај лицето со напад,

Заштитете го лицето од повреда,одстрануваќи ги тврдите предмети во негова близина,

Ставете нешто меко под главата и олабавете ја тесната облека,

Штом има можност завртете го лицето на левата страна,

Полека воспоставете комуникација со лицето,

Успокојте го лицето и

Одстранете ги посматрачите.

Во светот околу 60 милиони луѓе страдаат од епилепсија, а во Македонија бројката е околу 30 000.Многу често лицата со епилепсија се избегнувани од околината,па мораат да ја кријат својата болест.Токму за рушење на стереотипите и табуата за оваа болест, веќе една година во Македонија постои ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ ЗА ЛИЦА СО ЕПИЛЕПСИЈА И РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА СО ЕПИЛЕПСИЈА. Целта на Здружението е да се подобри квалитетот на животот, на сите луѓе со епилепсија и нивните семејства, и да им овозможи подобро разбирање на природата на епилепсија и потребите на луѓето со епилепсија. Актвности на здружениет се:

Едукација на лицата со епилепсија, членовите на нивните семејства , како и пошироката заедница за медицинските и социјалните аспекти на епилепсија.

Охрабрувачки средби , размена на знаење и искуства на луѓето со епилепсија, нивните роднини и пријатели.

Објавување на книги и брошури и друг рекламен материјал од областа на епилепсијата.

Организација на состаноци,семинари,конгреси и трибини од различни медицински и социјални аспекти на епилепсијата.

Размена на информации за социјалната и здравствена заштита на лицата со епилепсија со слични организации во светот.

Истражување социјалните аспекти на епилепсија.

Соработка со други организации.

Во своето членство оваа организација има лица со епилепсија,членови на семејства со лица со епилепсија,родители на деца со епилепсија,доктори и други медицински лица, и луѓе кои едноставно од хуманост сакаат да помогнат.

За повеќе информации за здружението притиснете на следниот линк

Коментари

Популарно