Автобус излета од патот Битола – Кичево

Сообраќајна несреќа се случи околу 16 часот на магистралниот пат Битола – Кичево пред селото Лопатица, пренесува ТВ Орбис.

images3

Според првичните неофицијални информации до кои дошла Телевизија, се работи за автобус кој сообраќал на својата редовна линија од Битола за Кичево кај селото Лопатица поради откажување на воланот изгубил контрола и излетал од патот.

Според неофицијалните информации потешко повреден е возачот, а патниците се здобиле со полесни повредни и скршеници.

Полицијата во моментов врши увид на местото на несреќата.

Од СВР – Битола за ТВ Орбис ја потврдија информацијата за сообраќајната несреќа.

Коментари

Популарно