Саше Политико претепан пред својата зграда

Саше Ивановски – Политико кој изминатиов период е актуелен по упадите на разни пресови и на вестите на Канал 5,  вечерва бил нападнат пред зградата каде што живее од двајца маскирани со шипки, пишува Фокус.

sase-polikitko

Ивановски за весникот изјавил дека напаѓачите го удирале по глава, а тој носел ташна и се бранел и бегал, меѓутоа бил на неколку места погоден и главата му е раскрварена.

Среќа успеал да им побегне. Повикана е брза помош и Саше е пренесен во градската болница.

Настанот е пријавен во полиција.

Коментари

Популарно