Годишен хороскоп за 2013 - Риби

  РИБИ

Иако не сте баш синоним за поседување во астрологијата, но знам доста голем број  на припадници на знакот кои поради своите индивидуални хороскопи делуваат исклучително од материјални и материјалистички позиции, па оваа година за таквите а и за сите други припадници на овој знак може да биде помалку или повеќе инотнирана со сопственоста и прашањата врзани за истото, со тоа што имате, можете да имате или немате. Значи сепак ќе се менувате дали поради конкретните вредносни системи на општеството или вашите критериуми и вредносни системи ќе бидат доведени вио таква ситуација која ќе бара дебело и темелно преиспитување. Прашањето на заработката и начините за истата исто така ќе бидат од голема важност како и ослободување на внатрешните потенцијали, ресурси и таленти.

Јануари

Ова е месец на докторите, медицинските сестри и медицинските лица, и секако професиите и занимањата врзани за сите институции од затворен вид или на оние места кои згружуваа, негуваат, обучуваат и помагаат на лу|ето, им даваат заштита. Ако сте во овие професии, занимања може да имате многу па и премногу работа

Февруари

Дали имате или немате изграден вредносен систем и чувството за вредност зависи од возраста на кои сте ги формирале. Оние на порана возраст се во предност, бидејќи зависта од искуството а не од воспитувањето. Ова е многу важно за периодов, дали ќе ги препознаете или не шансите за заработување..

Март

Периодов можеби ќе ве отрезни колку и да сте идеалисти по уверување, поради низа настани претежно на планот на личните вредности и имањето, немањето, ќе ве постави на реални нозе, па колку и да е чудно може да станете приличен материјалист. За вашиот знак навистина чудно, но се се случува ненадејно и многу брзо посебно околу 22-ри

Април

Можете да остварите некој ќар или заработка или пак некоја друга бенефиција низ образованието, пишувањеyто, низ работа или сиоработка со брат сестра, или со кратки патувања, комуникации. Дали ќе биде ќар или губиток зависи од вашите лини хороскопи но и од аспектите месецов кои се воглавно добри

Мај

Морате да отворите неколку пари на очи ако периодов имате работа со недвижнини, ако можеби нешто купувате или уште повеќе ако продавате. Би бил многу претпазлив месецов и не би се впиуштал во непотрбни рзизици. Има само еден поволен аспект околу 06-ти но преслаб за да осигура каква таква стабиулност и позитивен исход.

Јуни

Некакви успеси или задоволства можете да имате поради деца нивни активности, резултати, поради некакви сопствени креативни зафати или делувања, поарди чувствата кон некого, но ако се работи за некое ново познанство, врска. Погодете го тајмингот од 11-ти натаму и надевајте се на позитивни исходи.

Јули

Ова е ваш месец и највеќе ве интересира одмор. Мислам дека нема попогоден месец за вас и вашиот знак за овој вид активности, само што може да имате проблем каде да го оставите својот домшен миленик, бидејќи не можете да го носите со себе. Секако внимавајте на квалитетот и исправноста на храната штто ја конзумирате.

Август

Може и овој месец да го користите за одмор, но би ви препоражал да го оставите партнерот да го избере местото  и дестинацијата. Во случај да останувате на работа, внимавајте на договиори во овој период, можни се намерни грешки и подметнувања од јавно декларирани личности колеги кои не ве поднесуваат, но внимавајте и на паричникот, има многу крадци околу вас

Септември

Накусо речено ви советувам да се навратите на уводниот текст за вашиот знак бидејќи ова е клучниот месец на вашето освестување и соочување со вашата реалност на финансиски и имотен план.

Октомври

Ако патувате тоа ќе биде надалеку, и на долго најверојатно преку големата бара. Многумина ќе го изберат овој месец за миграција за жал, на земјава но за нивна среќа. Инаку можни добивки и од трговија на големо, правни одлуки и решенија, наследување. Тешки аспекти околу 19-ти кои можете да ги победите само ако сте динамични и активни

Ноември

Ако ги помагате родителите, мислам ако сте нивен личен банкомат, можете да констатирате дека и тој може да се испразни. Од друга страна може да се офајдите од едниот родитрел со некоја поголема сума на пари или пак друг вид на вредности, најчесто недвижнина на ваше име

Декември

Не ви советувам премногу заеднички натигодајмиго со пријатели, во смисол на заедничка работа, инвестиции, бидејќи големи се изгледите да бидете во зијан, псоебно при крајот на годината. Ова ви го советувам и за самиот прежек. Не правете ништо на купче, подобро појдете некаде заедно, но не и ви заеднички да организирате. ќе имате повеќе нервоза од пријатни моменти

Годишен хороскоп за: ОВЕНБИКБЛИЗНАЦИРАКЛАВДЕВИЦАВАГАСКОРПИЈАСТРЕЛЕЦ

Коментари

Популарно