Мини чизкејк со путер од кикирики (посно, без масло)

WP_20160320_14_01_02_Pro1-34f0c3-800x511

1. Состојките за основата со рака измесете ги да добиете малку леплива смеса.

Поделете на два дела и ставете во калапчињата, притиснете и израмнете.

2. Ванила кремот од индиски ореви е основа за повеќето сирови десерти, јас го имам претставено во десертот Посни празнични пралини.

Индиските ореви треба да бидат покиснати барем 5-6 часа, најдобро преку ноќ. Потоа ставете ги во блендер заедно со јаворовиот сируп, сокот од лимон и ванилата и изблендирајте да добиете кремаста смеса, Постепено додадете 4- 5 лажици вода. Потоа во сад на страна спојте го со путерот од кикирики и солта.

Распоредете во калапчињата и измазнете од горе.

3. Чоколадниот прелив може да се направи и без густин, но јас несакав да ми се разлее од страните, па додадов сосем малку. Во сад на оган ставете ги какаото, шеќерот и 2 лажици вода. Мешајте на тивко додека се стопи и смесата не стане хомогена. Во сад на страна со 1 лажица вода растворете го густинот и додадете го кај какото. Промешајте малку да се згусне, па тргнете. Прелијте во калапчињата и ставете ги во фрижидер или замрзнувач.

Пред послужување со нож поминете од страните, па отворете ги прстените.

Пријатен апетит =)

* Вообичаено во вакви рецепти се користи кокосов путер или какао путер. Тука путерот од кикирики ја врши целата работа и дава убава кремаста конзистенција.

* Место јаворов сируп може да користите мед или шеќер. Имам подготвувано и со мед, но медот е прејак и доминира во вкусот.

* Калапчето е со дијаметар 10см.

Коментари

Популарно