Свадбени ѕвона кај водителката на „Брза кујна“: Ова момче го освои нејзиното срце!

брза1

Кулинарското шоу “Брза кујна” кое се емитува на Сител телевизија од јануари годинава доби нова водителка. Првата водителка Билјана е заменета со новата водителка Александра Пановска.

Шармантната Александра е позната радио водителка на Метрополис радио, а првото телевизиско искуство го имаше со веќе укинатото музичко шоу “На иста адреса”, а веќе ги освои симпатиите на публиката.

брза2

Енергичната водителка деновиве се сврши со својот сакан Александар Илиевски, со кого веќе подолго време е во врска.

Во едно интервју неодамна Александра откри дека шоуто „Брза кујна“ и е одлична подготовка за бракот.

Мојата гастроприказна допрва ќе се случува – годинава ќе правам свадба, ќе правиме дом со моето момче… Да, „Брза кујна“ се појави во вистинско време – пред брак!

брза3

брза4

брза5

Извор: Вистина.мк

Коментари

Популарно