На Интернет се шири снимка на непријатно интервју на Вин Дизел и бразилската новинарка и Јутјуберка Карол Мореире. Актерот ја прекинува новинарката и и зборува дека е убава, што на фановите не им се допадна.
ТМЗ пишува дека Вин малку пиел алкохол пред интервјуто, па новинарката го фасцинирала, но атмосферата во текот на интервјуто станала многу непријатна.
– Боже, колку си секси, не можам да се сконцентирам, како да го одработатм ова интервју?, и рече Дизел, кој ги „влечеше“ зборовите и често гледаше во празно.