ВИДЕО: Дачиќ удри по Македонците – бевме будали што ја признавме Македонија под уставното име

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во интервју за агенцијата Бета, покажа дека Србија од сега ќе зазема антисоседски став.

Имено тој најави дека Србија ќе игра конструктивна улога во решавање на проблемите во регионот, но дека би можела да гласа против интересите на соседните земји кои не ја поддржале Србија во најважните прашања, како што се признавањето на Косово или неговото членство во УНЕСКО.

Тој вели дека не станува збор за освета туку за реципроцитет, бидејќи тој како министер за надворешни работи нема да дозволи никој да ја понижува неговата земја.

Во интервјуто тој се осврнува и на признавањето на Македонија под уставното име, односно смета дека Србија згрешила што ја признала Македонија под уставно име, затоа што оваа земја го признала Косово.

„Србија направи голема грешка. Цела Европа и светот го користат називот Поранешна Југословенска Република Македонија, а ние на нашите браќа Грци им удривме шлаканица и сега очекуваме од Грците да не го признаат Косово, а Македонија ја признавме навредувајќи ги Грците, а тие (Македонците) секогаш гласаат за Косово. Морам да кажам дека сме будали. Ете, ќе употребам недипломатски израз“ - вели Дачиќ.

Исто така изјави дека од сега Белград во билатералните односи со Скопје ќе го употебува уставното име на земјата, но дека мултилатерално ќе го користи името кое се употребува во Европска унија и во Обединетите нации – БЈРМ.

Целосното интервју можете да го погледнете тука.

Коментари

Популарно