Српската пејачка јавно распали по синот: „Коцкар, не сакам да го видам”

Семејното недоразбирање помеѓу Злата Петровиќ, Хасан Дудиќ и нивниот син Мики доведоа до тоа пејачката да не сака да разговара со синот и јавно да го навреди.

– Тој веќе не ме интересира, нема да му помагам. Веќе не му давам пари, не сум јас будала. Одам, работам, се мачам за да му давам нему, а тој се прокоцкува. Му реков, го молев да престане, но не вреди. Ете и сопругата го напушти, ги одведе децата и сега живее сам. Пред седум години му дадов огромна сума пари за да го врати неговиот долг поради коцка и се заколнав дека веќе нема. Возрасен човек е, па нека биде одговорен и нека ги поднесе последиците, изјави Злата.

Таткото на Мики, Хасан, застана во негова одбрана.

"Срам да и е. Таа е зло! Како не и срам да кажува такви работи во јавност? Мики сега е човек на место. Ако се разведе од жената, тоа не значи дека се во кавга. Се слушаат, се гледаат. А тоа што се коцка, тоа му е наследно од нејзина страна, нејзината мајка беше коцкар, остро врати Хасан."

Коментари

Популарно