ФОТО: Дамјан Стојановски рипна во тавче

За разлика од својот брат близнак Војдан Стојановски кој се уште е на листата ергени , изминатиот викенд официјално заплови во брачните води македонскиот кошаркар Дамјан Стојановски со хористката Емилија Палашева, која ја побара за жена мината година во Јули.

На свадбената веселба, која се случи во еден скопски ресторан се собраа од спортисти до уметници, a меѓу присутните се најдоа и пејачките Маја Гроздановска-Панчева и Елена Петреска, кои наедно се колешки на невестата од МОБ.
 


Убавата Емилија блесна на својот голем ден во тесна венчаница во сирена крој која ја истакна нејзината витка линија, додека младоженецот се одлучи за елегантен црн костум.
 

Се разбира кулминацијата во забавата ја придонеле неколкуте трубачи кои присутните не пропуштија да ги фотографираат и да ги објават на социјалните мрежи.

Коментари

Популарно