Менаџерот на Телма објасни зошто познатата тв водителка повеќе не ја гледаме на малите екрани

Директорот и главен уредник на Телма, Атанас Кировски на фејсбук, ги разреши шпекулациите кои со денови се шират низ македонската јавност во врска со непојавувањето на познатото тв лице Јасминка Аневска на малите тв екрани:

- Има разни постови околу заминувањето на Јасминка Аневска од Телма. Ние се разделивме заради принципиелни несогласувања околу новинарството, и јас и посакувам се најдобро во животот и во кариерата. Нити се ситам ако не добие некоја работа, нити лобирам за да не ја примат на работа. Тоа се чисти измислици. Јасминка не ми е крвен непријател за да и се одмаздувам со тоа што ќе и правам штета, нити пак на некој мој бивш соработник некаде сум му затворил врата. Нека и е со среќа, што и да реши да работи

Коментари

Популарно