Легендарниот американски актер почина на 91 годишна возраст, пренесуваат американските медиуми.
Еден од најголемите комичари на сите времиња, Џери Луис, почина во својот дом во Лас Вегас, а оваа информација ја потврдија и членовите на неговото семејство.
„Легендарниот Џери Луис, почина мирно на 91 годишна возраст“, пишува во изјавата.
Џери Луис, е роден во 1926 година. Светската слава ја стекна на 40-те и 50-те години од минатиот век, а успешно соработувал и со Дин Мартин, со кого глумеше во многу филмски остварувања.
Луис во текот на животот доби прекарите „Кралот на комедиите“, а освен глумата се занимавал и со режија. Неговите најпознати филмови се „The Nutty Profesor“ (откачениот професор), „The bell Boy“, „Cinderfella“…
Така, глумеше во филмот „Arizona Dream“, со српскиот режисер Емира Костурица.