Расправијата на двајца Босанци во австрискиот град Леоберсдорф, завршила со страшно изживување над автомобил марка BMW.
Човекот кој го снимал овој настан е и учесник во расправијата и од почетокот му зборува на човекот со капата - "ајде, кажа, ајде сега".
Мажот со капата некое време им одолева на провокациите, а потоа го отвора багажникот, вади лопата и го уништува автомобилот.
Не е јасно дали тука станува збор за одмазда, расправа или обложување, но едно е очигледно: штетата на автомобилот е таква што ќе бидат потребни многу пари за поправка.
Снимката се појавила на Фејсбук и за 20 часа ја погледнале повеќе од 200.000 луѓе.