Педофил извршил 137 злосторства, терал татко да го мачи и силува својот 2-годишен син: Сега добил казна, но не е сигурно дали е доволна

Своите жртви ги понижувал, ги уценувал и принудувал на акции со кои се омаловажувале и себе и другите, вклучувајќи и силување на 2-годишно дете.

29-годишниот Метју Фалдер од Велика Британија е осуден на 32 години затвор, откако бил обвинет за педофилија. 

Фалдер уште минатата година бил уапсен на Универзитетот во Бирмингем, каде работел како истражувач, откако ги завршил докторските студии на Кембриџ. Признал 137 злосторства, вклучувајќи и поттик за силување, сексуална експлоатација на деца, уценување и воајеризам, кои ги извршил во период од осум години.

Своите жртви ги понижувал, уценувал и принудувал на акции со кои се омаловажувале и себе и другите, вклучувајќи и силување на двегодишно дете.

Овој компјутерски гениј сите свои злосторства ги извршил на интернет, притоа криејќи зад десетина лажни профили, а на некои сајтови дури и бил прогласен за ВИП член поради фотографиите кои ги објавувал. На жртвите им се потсмевал велејќи им дека никогаш нема да биде фатен.

Никогаш не сретнал ниедна од своите жртви, а меѓу нив имало мали деца, жени и мажи, од кои тројца се обиделе да се убијат.

Една девојка натерал да ја лиже ВЦ шолјата и да ја де кучешка храна, а еден татко приморал да го мачи и силува својот 2-годишен син.

На британската национална агенција за криминал - NCA, и биле потребни 4 години да го идентификува и уапси по глобалната истрага, во која биле вклучени и американската и австралиската полиција, но и британскиот шпионски центар.

Двоен живот почнал да води најпрво како воајер, кога криел камери во тоалетите и бањите на своите колеги и пријатели, а подоцна на сајтот "Gamtri", на тинејџери почнал да им нуди работа за чување на деца и шетање на куче.

Претставувајќи се како депресивна уметничка по име Лиз, ги одбирал најранливите, притоа нудејќи им пари за топлес фотографии. Откако ќе му прателе такви фотографии, барал и други, овој пат поексплицитни, и притоа ги уценувал дека, доколку не го добие тоа што го бара, сите фотографии ќе ги прати на нивните родители.

Една од неговите жртви изјавила дека се се случувало он-лајн и дека мислела дека никој нема да разбере зошто го направила тоа.

Коментари

Популарно