По бранот информации на социјалните мрежи дека вечерва ќе се отстранува споменикот Воин на коњ, се огласија од Владата на Р. македонија и Министерството за Култура.
– Почитувани сограѓани, немојте да потпаѓате под влијание на лажни вести дека се случува отстранување на споменици од Плоштадот Македонија во Скопје, велат од Министерството за Култура и Владата.
Од таму додаваат дека на Плоштадот во Скопје не се планирани ниту се преземаат какви било физички зафати.
Секоја друга поинаква информација е лажна вест, велат од Министерството.