(ВИДЕО) Против своја волја морала да се омажи за 30 години постар маж, полициски началник

Иако лидерот на Чеченците Рамзан Кадиров во 2010 година забранил да се „грабаат” девојки кои подоцна се приморани да влезат во брак со непознати мажи, а во 2012 година забранил и мажење на малолетни девојки, сепак, високиот полициски службеник Нажуд Гучигов не ги почитувал овие закони.

Гучигов, кој веќе има жена и син, одлучил да влезе во полигамна врска со триесет години помладата малолетна девојка Хеди, која има само 17 години. Тој три пати ја запросувал но таа го одбивала, а во тоа ја поддржувале и нејзините родители бидејќи е премлада за мажење. Но кога Назуд се заканил дека ќе ја киднапира, сите морале да прифатат, затоа што Нажуд се заканил дека ќе ја грабне девојката и ќе им напакости дури и на родителите.

Не помогнале апелите од роднините на девојката, како и од некои организации за заштита на правата на децата, кои укажувале на законот и неговото кршење од страна на високиот полициски функционер, делумно и поради фактот што Гучигов има објавено фотографии со Чеченскиот водач.

На свадбата на векот, како што медиумите од Чеченија го нарекле овој настан, во матичната служба, можела да се забележи несреќата и очајот на младото девојче, кое буквално било влечено за рака кон масата на матичарот, каде требала да го потпише документот за венчание. Погледнете го видеото подолу:

Коментари

Популарно