(ВИДЕО) Камерите снимиле како ги тепаат мигрантите! Oткриено кој стои зад шверцот на мигранти во Либија, а сите ги плаќа ЕУ

Снимката која се појавила во јавноста го прикажува хоророт кој мигрантите го преживуваат за да дојдат до Европа, а шверцерите се припадници на либиската крајбрежна стража, кои ЕУ ги плаќа да ја разбијат трговијата со луѓе и другите криминални акции.

Имено, службениците на либиската крајбрежна стража соработуваат со шверцерите на луѓе. 

Европската унија ја плаќа Либија повеќе од 180 милиони евра за да ги спречи мигрантите во патувањата, на кои веќе илјадници луѓе се удавиле, а оваа година дури 784 луѓе.

Парите се искористени за регрутирање и обука на крајбрежната стража и снабдување со опрема за комуникација и спасување, бродови и возила.

Истрагата на ОН утврдила дека шефот на единиците на крајбрежната стража во Завија, на околу 20 милји од Триполи, е одговорен за шверц на луѓе и дека тој соработува со други криминалци, вклучувајќи и членови на неговиот екипаж.

Абд Ал Рахман ал Милад, кој еднаш се борел со бунтовниците за да ја урне диктатурата на Моамер Гадафи, користи патролни бродови купени со парите на ЕУ за да ги разбие бродовите кои пренесуваат мигранти, а кои ги платиле нивните ривали. Тој со својот екипаж пука во нив, а потоа ги потопува нивните бродови.

Исто така, постојат извештаи дека тој и неговата банда отстрануваат мотори на ривалски бродови, оставајќи ги да потонат на Медитеранот. Странските медиуми пренесуваат и дека напаѓале меѓународните спасувачки бродови.

Советот за безбедност на ОН објавил финансиски и патнички санкции против Милад и уште пет лица, а замрзнати се и нивните имоти на глобално ниво. Ова е прв пат вакви мерки да се преземат против трговците на луѓе.

Друг соработник на Милад е Мохмаед Качлаф, службеник на либиската влада, задолжен за надворешната безбедност во рафинеријата за нафта во Завија. Тој е лидер на вооружената милиција Ал-Нас и и дава заштита на бандата на Милад.

Војниците на Ал-Наср водат незаконски центар за притвор на мигранти кои се заробени на море. Истражувањето на ЕУ открило нехумани услови.

Тие се одговорни за бруталното насилство над мигрантите, мажите на аукции ги продаваат како робови, а жените за секс. Постојат извештаи за повеќекратни силувања, болести и смртни случаи.

Милад наводно дипломирал пред шест години на либиската морнаричка академија, а потоа формирал милиција со припадниците на племето Авлад Бу Хмеира, ја преземал контролата над пристаништето и се поставил себеси за шеф на крајбрежната стража.

Неговиот ривал, Ахмад Умар Ал Дабаши, познат по прекарот "вујко", исто така се наоѓа на листата на санкции. Неговата милиција ги контролира плажите на кои мигрантите се сместуваат во чамците во текот на ноќта.

Меѓу двете банди имало судири, а мртви тела подоцна испливувале на брегот или биле фрлани во пустина. Бандата на Милад е снимена како со камшик удира мигранти кои влегуваат на мал, гумен чамец, а тие се одговорни и за потопување на чамци со мигранти.

Коментари

Популарно