Страшна трагедија попладнево го потресе Велес. Според сознанијата на ТВ 24, во пожар кој избил нешто пред 17 часот изгореа три дечиња на една, две и петгодишна возраст.
Според првичните информации, куќата во која се случил пожарот се наоѓа на непристапен терен во Велес. Куќата е дива градба, најверојатно се работи за социјално загрозено семејство.
Се очекуваат детали.