Денеска се празнува Успение на Св. Ана

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 јули. Денеска е Успение на Св. Ана.

Света Ана е мајката на Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, а нејзиниот главен празник паѓа во месец септември.

Света Ана потекнуваше од Левиевото колено (еврејско свештеничко колено). Татко и беше свештеник по име Матан. Проживеа долг и богоугоден живот и во длабока старост се претстави пред Бога.

Коментари

Популарно