ШОК: Членовите на екипажот од бродот киднапиран од пирати се добро и најверојатно за нив ќе се бараат пари

Бродот кој го нападнале нигериски пирати, пренесувал пченица од Лагос до Порт Харкорт.

Членовите на екипажот на швајцарскиот товарен брод кој го киднапирале нигерски пирати, 12 од нив, меѓу кои по еден државјанин на БиХ, Хрватска и Словенија, се добро, јавуваат хрватските и босанските медиуми. 

Швајцарската компанија "Машоел" го потврдила нападот на својот товарен брод "Гларус" во нигериските води.

Бродот пренесувал пченица од Лагос до Порт Харкорт.

"Иако уште не се знае каде точно се киднапирани членовите на екипажот, тие се добро и најверојатно киднаперите за нив ќе бараат пари", рекле гостите во емисијата "Отворено" на ХРТ.

Швајцарската компанија "Машоел Шипинг", ангажирала посебен тим за да обезбеди ослободување на 12-те членови на екипажот, соопштило Министерството за надворешни работи на Словенија во понеделникот, потврдувајќи дека има словенечки државјанин меѓу заробените, пренесува порталот Радио Сараево.

Коментари

Популарно