Ким Кардашијан и нејзините славни сестри, оваа година за Ноќта на вештерките се маскирале во ангелите на Викторија Сикрет. Ким на себе носела огромни крилја и минијатурна долна облека.
"Не одиш ваква во рајот", искоментирал еден од нејзините следбеници под фотографијата. Бројните обожаватели повторно ја пофалиле нејзината фигура, но имало и такви кои ја критикувале поради тоа што постојано се соблекува.
Сестрите се пофалиле со креациите на социјалните мрежи, а најмногу внимание привлече најбогатата членка на семејството, Кајли Џенер.
И најмладите членови на кланот Кардашијан биле маскирани со што успеале да измамат симпатии со своите смешни маски. Кајли ја маскирала својата ќеркичка Сторми во пеперутка, а потоа и во "невреме" со цел да се пошегува на сметка на нејзиното име кое во превод значи "бура".
Кајли неодамна ѝ подарила автомобил на својата мајка Крис за нејзиниот 63-ти роденден, во вредност од 250 илјади долари.
"Одам кај мојата мајка да ја изненадам со роденденски подарок. Го чувам веќе еден месец и многу сум возбудена што конечно ќе ѝ го подарам", рекла Џенер.
Кога Крис ја отворила вратата, пред нејзината куќа било паркирано скапоцено црвено Ферари 488.