ФОТО: На плоштад во Тел Авив се појави статуа со која се исмева контроверзната министерка за култура

Израелскиот уметник Итај Залаит на еден од големите плоштади во Тел Авив постави статуа, исмевајќи се со контроверзната министерка за култура Мири Регев, пренесува АП.

Тој ја прикажа министерката во бел фустан како гледа во огледало. Поставувањето на статуата дојде во момент кога Регев се обиде да "успори" закон, барајќи лојалност во културата.  

Имено, уметниците ја нападнале за обид за цензурирање на уметничкото изразување.

Градското собрание на Тел Авив соопшти дека го почитува протестот, но нареди статуата да биде отстранета, бидејќи е поставена без дозвола.

Коментари

Популарно