Дарко Лазиќ, кој 21 ден се наоѓа на Интензивна нега во Земун, после тешка сообраќајна несреќа, според извори на српски курир, се чувствува подобро и наскоро би требало да ја напушти шок собата.
-Дарко зс десетина дена би требало да биде префрлен од интензивна нега во апартман. По излегувањето од болницата, семејството планира да го испрати во бања поради опоравување на ногата и размислуваат тоа да биде некаде во странство-рекол извор од болницата.
Родителите на пејачот секој ден доаѓаат во посета на синот, наутро и попладне. И утррово беа, но овој пат без вереницата Марина.
На 23 октомври Дарко преживеа тешка сообраќајна несреќа кога неговиот автомобил излетал од патот во нивата и се превртел на кров/
Тој три дена поминал во вештачка кома поради тешки повреди, следеа операции а вметнат му е и вештачки колк.
Покрај сето тоа пејачот се бори и со апстиненцијална криза.