Кери Андервуд: "После три спонтани абортуси потфрлив психички"

Кантри пејачката Кери Андервуд во последните две години имала дури три спонтани абортуси. Ова го призна во интервју за BBC, напоменувајќи дека се плашела дека ќе доживее и четврт. Тогаш вели дека психички потфрлила и била многу лута за тоа што го поминува во животот.

"Плачев и се прашував зошто останувам бремена ако не можам да имам дете. Му се налутив на Бога и му реков нека ми даде дете или нека ја затвори вратата. Тоа беше прв пат кога искрено зборував со Бога и му кажав што мислам и како се чувствувам. Тоа беше во сабота, а во понеделник отидов на доктор очекувајќи дека повторно ќе ми каже дека имам абортус. Но, во болница ми рекоа дека се е добро", рекла 35 годишната пејачка која со сопругот Мајк Фишер го очекуваат вториот син.

Покрај немилите настани кои ѝ се случиле, пејачката била и во центарот на вниманието на медиумите поради критики од јавноста кои не можела да ги разбере, имено сите коментирале за тоа дека пејачката е премногу стара за на 35 години да роди уште едно дете по природен пат.

Кери токму поради тоа размислувала да посвои дете. Многумина ја пофалија нејзината намера на некое дете да му пружи топол дом, меѓутоа имаше и такви кои ја критикувале поради тоа.

Кери во август соопшти дека го очекува второто дете со сопругот, со кој веќе го има три годишниот син.

Коментари

Популарно